Поврзете се со нас

Италија

Пирло: Мората може да биде еден од најдобрите напаѓачи на светот

Објавено

на

Тимот на Јувентус со доста мака дојде до трите бода на средбата против Ференцварош, средба која ја реши Алваро Мората со погодокот во судиското продолжение.

Шпанецот потврди дека е во одлична форма и со голот во 92 минута донесе победа за Јувентус, но и воедно заработи комплименти од тренерот Андреа Пирло.

-Тој е силен играч, му треба конзистентност и и самодоверба. Ако ментално е во ред, тогаш се може да направи, може да биде еден од најдобрите напаѓачи на светот. Ако тренира добро, ако е во добра форма и игра, дава голови, ќе биде фундаментален играч не само за Јувентус, туку и за неговата репрезентација. Работиме да го поставиме во најдобра состојба, а потоа тој е добар во финализирањето на она што го прави на теренот, -порача Пирло.

Алваро во актуелнава сезона има дадено седум голови на десет натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни