Лига на шампиони
Пирло имаше што да каже откако Јувентус не доби пенал во финишот против Порто

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло беше лут на главниот судија на вчерашниот натпревар против Порто, Карлос Дел Серо кој не досуди пенал за италијанскиот тим во финишот од натпреварот.
Во последните секунди од средбата, Сануси стартуваше врз Кристијано Роналдо кој падна во шеснаесетникот и бараше најстрога казна. Наместо тоа, главниот судија на средбата означи крај и не ја прегледа снимката за да одлучи дали било пенал или не.
Според Арсен Венгер и Руд Гулит имало елементи за пенал, а истото го потврди и Андреа Пирло кој откри дека го прашал судијата зошто не ја прегледал снимката и покрај тоа што натпреварот веќе завршил.
– Чист пенал над Кристијано. Го прашав судијата зошто не ја погледна снимката, ми рече дека натпреварот е веќе завшрен и нема потреба да ја гледа снимката. Сметам дека требаше да има храброст и да ја погледне снимката и покрај тоа што означи крај, -изјави Пирло.
Ваков момент се случи уште на стартот на Премиер лигата кога Манчестер Јунајтед доби пенал иако натпреварот веќе беше завршен.

- Италијапред 24 часа
„Бум-бум“ Иле: Несторовски доби вистинска шанса и ја реши Фиорентина (ВИДЕО)
- Англијапред 21 час
Мурињо со коментар за фудбалското шоу на Бејл кое ја воодушеви Англија: Сега изгледа како играч…. (Видео)
- Шпанијапред 20 часа
Урнебес во Валдебебас: Ѕвезда на Реал мораше да вика влечна служба за својот Ролс Ројс вреден 300 илјади евра (Видео)
- Англијапред 19 часа
Лук Шо откри какво чудно објаснување добиле играчите од судијата Атвел за недосудениот пенал
- Италијапред 22 часа
Лукаку: Интер сака да се подобрува, Роналдо…
- Светпред 19 часа
Тадиќ предизвика хаос со капитенот на ПСВ во 92. минута, па едвај влезе во автобусот на Ајакс (Видео)
- Светпред 24 часа
Бекам: Сакам да ги донесеме Меси и Роналдо во Мајами
- Англијапред 20 часа
Солскјер незадоволен по дербито: Не добивме чист пенал