Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Пиоли: Ние сме шампиони на Италија, од никого не се плашиме во ЛШ

Објавено

на

Милан го потврди статусот на фаворит и славеше над Салцбург со 4-0 во вечерашниот натпревар во Лигата на шампионите, победа со која обезбеди билет за првата нокаут рунда.

Ваквиот резултат донесе задоволство кај „црвено-црните“, па тренерот Стефано Пиоли испрати и една шампионска порака дека ќе се борат до самиот крај, односно ќе имаат што да кажат против било кој противник или во случајот тоа е еден од Порто, Баерн Минхен, Тотенхем, Реал Мадрид, Бенфика или Манчестер Сити.

-Не е важно со кого ќе сретнеме, во секој случај ќе биде стимулативно и тешко. Ние сме шампиони на Италија и мора да го играме нашиот фудбал, обидувајќи се да одиме што подалеку. Нема потреба да се плашиме.  Сега треба да се вратиме на вистинскиот пат во Серија А, да останеме колку што можеме поблиску до Наполи кој е во извонредна серија.

-Мора да бидеме амбициозни во Лигата на шампионите и од ништо да не се плашиме. Со кого и да се соочиме, Милан ќе биде тимот со голема самодоверба, -порача Пиоли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни