Поврзете се со нас

Италија

Пиоли: Го изненадивме Интер со тактичкиот пристап

Објавено

на

Милан го надигра Интер во поголем дел од дербито и стигна до пресврт победа со резултат 3:2, иако на крајот мораше цврсто да се брани од завршните налети на градскиот ривал кој успеа да се опорави по помрачувањето кое го имаше на стартот на вториот дел.

Актуелниот шампион и бранител на титулата во Серија А го доби првото дерби во новата натпреварувачка сезона, а Стефано Пиоли по мечот откри дека клучно било тоа што го изненадил Интер со тактичкиот пристап.

Тренерот на Милан обелоденува дека побарал од своите играчи да не вршат силен притисок врз дефанзивците на Интер, но од друга страна, задната линија била поповлечена за да може подобро да се справи со брзи играчи како Лаутаро и Кореа.

– Овие момци продолжуваат да ме воодушевуваат со нивната страст, енергија и талент. Пресреќен сум што сум тренер на оваа група играчи. Интер ни дозволи да играме, не моравме да ги притискаме жестоко како обично. Мислам дека бевме подобар тим 70 минути, но на крајот добро се браневме. Невозможно е да доминирате 95 минути на ваков меч.

– Покажавме зрелост и истрајност против силен тим. Мислам дека Интер очекуваше да ги притисткаме високо на нивните дефанзивци, но не го правевме тоа. Ги изненадивме со тактичкиот пристап. Знаев дека ќе играат со двајца брзи напаѓачи и затоа седевме поназад во одбрана, но потоа вметнувавме повеќе енергија и жестина во индивидуалните дуели. Ги изненадивме во тој поглед, – изјави Пиоли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни