Поврзете се со нас

ВТА

Петтата носителка пресилна за Ѓорческа во Сплит

Објавено

на

Foto:www.facebook.com/ladiesopen

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа не успеа да се справи со петтата носителка Вероника Ерјавец (Словенија) на ИТФ фјучерсот што се игра во Сплит, Хрватска.

Ѓорческа имаше проблеми со Ерјавец која доминираше на теренот број три, освои 26 поени повеќе од Македонката (54/28), имаше повеќе брејк шанси (6/8 наспроти 1/1) и по точно 54 минути игра со 6-2 и 6-1 обезбеди место во четвртфиналето на турнирот што се игра на земјена подлога за награден фонд од 60.000 долари.

Инаку Вероника во моментов е на 191 место на ВТА листата, додека Лина е послабо пласирана и е на 225 позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни