Балкан
Партизан му ја исполни желбата на Обрадовиќ: Центар со НБА искуство ќе го носи дресот на „црно-белите“ (ВИДЕО)

Партизан долго време бараше вистинско засилување на пазарот, поточно играч кој ќе може да помогне да се остварат високите цели во оваа сезона.
„Црно-белите“ не брзаа и чекаа вистинска можност да го добијат тоа што го посакуваат и на крај успеаа во таа цел затоа што нивен нов член е бразилскиот репрезентативец Бруно Кабокло. Кабокло е играч со НБА искуство, тој настапуваше во повеќе клубови како Торонто, Сакраменто, Мемфис и Хјустон за да потоа заигра во Европа во Лимож по што преку родниот Бразил и Мексико стигне во Германија каде блескаше во Улм со кој стана шампион со оваа држава.
Тој потпиша договор со Венеција и требаше да игра за овој тим во оваа сезона, но по добрите настапи на Мундобаскетот не сакаше да му се приклучи на италијанскиот состав и својата форма ја одржуваше со Макаби Ранана.
На крајот по се изгледа е постигнат некаков договор со Венеција, па денеска тој беше промовиран во Партизан каде ќе го носи дресот со бројот 50.
Соработката е до 2025 година и неговото присуство во рекетот треба да биде од огромна помош за актуелниот АБА шампион во Евролигата, регионалното натпреварување, но и на домашната сцена.
-
Шпанијапред 20 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 15 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Англијапред 15 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Англијапред 19 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Светпред 18 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 8 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Италијапред 17 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 14 часа
Борусија и Манчестер Јунајтед на тајни преговори за размена во јануари