Поврзете се со нас

Италија

Паратичи откри каква е ситуацијата со новиот договор на Дибала

Објавено

на

Јувентус вчера ремизираше со Аталанта, а Пауло Дибала повторно беше меѓу најдобрите на теренот, со што Аргентинецот продолжува да игра во одлична форма сезонава.

Тоа повторно го актуелизира и прашањето за неговиот нов договор, а спортскиот директор Фабио Паратичи објаснил каква е ситуацијата.

– Разговараме со неговиот агент подолго време, тој е многу важен фудбалер за нас.

– Инвестиравме многу во неговиот трансфер, но отсекогаш бевме сигурни дека ќе ја оправда инвестицијата. Му го дадовме и дресот со број 10, секогаш имавме верба во Пауло, – изјавил Паратичи.

Се очекува Дибала да добие многу поголема годишна плата, а со новиот договор и самиот ќе ги потврди изјавите дека сака да остане во Јувентус уште долго време.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни