Поврзете се со нас

Италија

Пандев веројатно ќе си оди, но друг Македонец ќе го замени и ќе заигра за Џенова од следната година

Објавено

на

Италијанскиот тим Џенова и следната година ќе има македонски шмек и покрај најавите дека Горан Пандев ќе стави крај на играчката кариера и од следната сезона нема да го носи дресот на италијанскиот клуб.

Имено, како што пренесуваат италијанските медиуми, Џенова сериозно се интересира во своите редови да го донесе Александар Трајковски кој не се снајде најдобро во Мајорка и ќе си оди од шпанскиот тим.

Трајковски има искуство со настапи во Италија затоа што четири години го носеше дресот на Палермо каде во одреден период тренер му беше актуелниот стратег на Џенова, Давиде Балардини.

Токму Балардини дал согласност тимот да се обиде да го ангажира македонскиот репрезентативец кој иако има уште една година од договорот со Мајорка, ќе ја промени средината во летниот преоден рок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни