Поврзете се со нас

Англија

Палмер ги истрола соиграчите за „пенал битката“: Малку претераа…

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ChelseaFC

Кол Палмер постигна четири од шесте гола на Челси во вчерашната победа над Евертон, а со хет-трикот во првото полувреме се приклучи на елитно друштво фудбалери кои успеале да стигнат до ваков ефект во Премиер лигата.

Новата ѕвезда на англискиот фудбал доби можност да шутира и пенал во вториот дел, но до истиот стигна на малку потежок начин.

Дел од соиграчите сакаа да му го „украдат“ пеналот на Палмер и влегоа во расправија, па иако на крајот топката заврши кај првиот пеналџија, сцената предизвика лутина кај фановите и менаџерот Маурисио Покетино.

По мечот, Палмер коментирал што се случувало на теренот и индиректно им порачал на соиграчите дека претерале со својата реакција.

– Други фудбалери сакаа да го шутираат пеналот, што донекаде е разбирливо при резултат 4:0, но ја сум назначен за изведување пенали и на крајот и јас и го изведов тој удар.

– Мислам дека малку претераа во обидот да докажат дека се подготвени да преземат одговорност, на крајот сепак ова ќе биде основа за добри шеги во екипата, – рекол расположениот Палмер.

Челси победи 6:0, Покетино бесен на сликата која ја оставија неговите играчи: Ова е срамно и не смее да се повтори! (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни