Поврзете се со нас

Свет

Озил избра доста чуден број во Фенербахче, а тоа го сторил поради неговите родители (Фото)

Објавено

на

Од пред неколку денови е познато дека Месут Озил стави крај на голготата во Арсенал потпишувајќи неколкугодишен договор со тимот на Фенербахче.

Фенербахче е тим за кој Месут навивал од мали нозе, па токму затоа се реши и за значително скратување на примањата во турскиот гигант.

Освен кратењето на примањата, Озил се реши на уште еден интересен потег со кој ќе им оддаде почит на своите родители кои потекнуваат од Турција, но се преселиле во Германија каде е роден и самиот Озил.

Имено, Месут во првите шест месеци како член на Фенербахче ќе го носи дресот со број 67, а истиот го избрал поради родното место на неговите родители, Зонгулдак. 67 е поштенскиот код за Зонгулдак, па токму затоа Озил се решил да го носи дресот со овој број во следните шест месеци.

Озил првично го посакувал дресот со број 10, меѓутоа фудбалските власти во Турција имаат забрането еден број да биде носен од двајца различни играчи во текот на една сезона. Во моментов десетката во Фенер ја носи Самата, но извесно е дека од следната година истата ќе замине на грбот на Озил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни