Поврзете се со нас

Балкан

Ова го може само Марио: Се отвори контра три на два, Балотели застана да се тепа со противникот (ВИДЕО)

Објавено

на

Италијанскиот напаѓач, Марио Балотели често во својата кариера е во центарот на вниманието, но не поради неговите квалитети туку поради потезите, глупостите кои ги прави на и надвор од теренот.

Популарниот Супер Марио оваа сезона е дел од Адана Демирспор, па веќе има неколку „испади“ и тоа нервозната реакција против Коњаспор откако беше повлечен од игра, а тука и прославата пред очите на тренерот на Бешикташ, Серген Јалџин.

Марио во свој стил: Балотели беше заменет, па беснееше на клупата за резерви (ВИДЕО)

Балотели постигна страшен гол и уникатно прослави пред тренерот кој му порача дека „нема мозок“ (Видео)

Минатиов викенд Балотели одново се прослави, па така при една контра кој тој ја преводеше тој одлучи да застане и да се пресмета со Фреди кој сосема очекува се обиде да го фаулира во таа ситуација.

За оваа „мајсторија“ Италијанецот доби жолт картон, исто како и противничкиот фудбалер.

Овој момент се случи при резултат 1-1, односно добрата вест за Балотели е што неговиот тим сепак на крајот се избори за славје над Анталијаспор од 2-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни