Поврзете се со нас

Свет

Балотели постигна страшен гол и уникатно прослави пред тренерот кој му порача дека „нема мозок“ (Видео)

Објавено

на

Бешикташ по вторпат не победи оваа сезона во турската фудбалска Суперлига, и тоа откако изминатава вечер имаше убедлива предност од 3:0 по 60 минути игра.

Адана Демирспор се избори за спектакуларно враќање во мечот и освои голем бод во 97-та минута од средбата, која сепак ќе остане запаметена по една пикантерија на Марио Балотели.

„Супер-Марио“ го постигна вториот гол во Турција со застрашувачки удар и намали на 3:2 во 69-та минута, но посебно во фокусот се најде неговата прослава пред противничкиот тренер.

Серген Јалџин во минатото работеше како фудбалски коментатор и извршувајќи ја оваа работа порача дека Балотели „нема мозок“, па сега откако напаѓачот постигна фантастичен гол против неговиот Бешикташ, следеше уникатна прослава од поранешниот италијански репрезентативец.

Балотели го постигна вториот гол во враќањето на Демирспор, а во 97-та минута беше и асистент за погодокот за 3:3.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни