Поврзете се со нас

Одбојка

Одличниот Ѓоргиев не можеше сам против Нарбон во Челинџ Купот

Објавено

на

Составот на АЦХ Волеј Љубљана за кого настапува македонскиот репрезентативец Никола Ѓоргиев претрпе пораз од Нарбон со 3-2 во првиот натпревар од полуфиналето на Челинџ Купот.

Домашниот тим ги загуби првите два сета со 25-23 и 25-22 за да потоа по една голема борба го реши третиот со 30-28 и се врати во игра. Таа енергија ја искористи за да лесно израмни на 2-2 (25-16), но во завршната битка гостите од Франција беа на повисоко ниво, беа посконцентрирани и со 15-10 остварија голема победа со која си го отворија патот до финалето во ова натпреварување.

Македонскиот репрезентативец и капитен Ѓорѓеив беше најактивен играч кај клубот од Љубљана и со 23 поени беше најдобар поентер, односно на дуелот повеќе поени собра само Де Араухо (25).

Реваншот на теренот на Нарбон е закажан за 1 март.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни