Одбојка
Одлична партија за нов успех во кариерата: Ѓоргиев ja освои шампионската титула во Словенија

Македонскиот репрезентативец, Никола Ѓоргиев прокнижи уште еден успех во својата кариера и стана шампион на Словенија со АЦХ Волеј Љубљана.
Овој тим по третпат во низа беше подобар од Калцит Волеј и со резултат од 3-0 ја заврши оваа финална серија за 18. пехар во шампионатот. Клубот од Љубљана во последната битка славеше со 3-0 во сетови со 25/18, 25/20 и 25/21 што беше доволно за перфектен крај на сезоната, освоен пехар без ниту еден загубен меч.
Најдобар беше токму нашиот ас со 18 поени, додека двоцифрен беше и Покершник со 11 поени. Кај поразените најистакнат поединец беше Павловиќ со 11 поени.
Претходно Никола и компанија беа најдобри и во Купот, а не треба да се заборави ниту пехарот во МЕВЗА лигата.
-
Англијапред 14 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 10 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Германијапред 12 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Италијапред 13 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Македонијапред 7 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Шпанијапред 14 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 11 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…
-
Шпанијапред 9 часа
Спектакуларниот „џокер“ на Анчелоти: Ќе си го скршам зглобот ако го направам тоа што го направи Модриќ