Поврзете се со нас

Шпанија

Од Барселона веднаш со одговор за интересот од Манчестер Јунајтед за нивниот фудбалер

Објавено

на

Во англиските медиуми неодамна излегоа информации дека Манчестер Јунајтед ќе го насочи вниманието кон ангажман на младиот и талентиран фудбалер на Барселона, Ансу Фати доколку не успеат да го доведат Џејдон Санчо.

Играчот на Борусија Дортмунд останува примарна трансфер цел на „ѓаволите“, меѓутоа се уште не е познато дали германскиот клуб ќе попушти и ќе се одлучи да ја спушти цената од над 100 милиони фунти која во моментов ја бара за неговите услуги.

Токму затоа излегоа шпекулации дека Јунајтед ќе се обиде да го ангажира Ансу Фати кој со само 17 години блесна на светскта фудбалска сцена оваа година.

Но, еден од директорите на клубот, Ксавиер Вилајоана во интервју за каталонскиот „Спорт“ децидно потврди дека нема шанси да го пуштат Фати да си оди од Барса.

– За нас нема ништо од приказните што излегоа за Ансу, никогаш не сме разговарале за негова продажба. Нема да ги користиме играчите од академијата за да правиме пари.

– Всушност, немаме никаква намера да продаваме играчи за кои веруваме дека ќе стигнат во првиот тим, -изјави Вилајоана.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни