Поврзете се со нас

Македонија

„Нула“ на „Железарница“: Скопје го задржа Шкупи во малото градско дерби

Објавено

на

Шкупи е сигурен лидер на табелата во Првата Македонската фудалбска лига и новата рунда ја започна со 13 бода предност, но сепак на стартот на новото коло не оствари планирана победа против градскиот ривал.

Во малото дерби во македонската престолнина, Скопје на домашен терен успеа да го задржи Шкупи и се одбрани од налетите на гостинот, а во завршницата имаше и своја шанса преку Јанакиевски за да стигне до победа.

На крајот, двата тима се задоволија со по еден освоен бод по одиграната „нула“ во Скопје, која прави Шкупи да стигне до 62-от бод, а Скопје до 26-от

Домашниот тим во моментов е на деветтото место кое носи во баражот за опстанок во Првата лига, со заостанување од пет бода од Работнички кој денеска игра против Брегалница.

Во терминот од 15:00 часот, на програмата во Првата лига се уште пет дуели, а тоа се следните пресметки:Борец – Академија Пандев, Брегалница – Работнички, Пелистер – Шкендија, Ренова – Македонија ЃП и Тиквеш – Струга Т.Л.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни