Поврзете се со нас

НБА

Идниот НБА џин висок 220 сантиметри го зачуди Леброн: Никогаш немам видено вакво нешто (Видео)

Објавено

на

Медиумите од Америка пренесуваат дека повеќе од 200 НБА скаути го следеле вториот меч на Виктор Вембанијама во Г лигата, бидејќи француското чудо од дете експресно се најде во центарот на вниманието со својата висина, но и техничките квалитети на паркетот.

Откако постигна 37 поени на првиот натпревар кој го одигра во Америка, Виктор уфрли 36 на вториот и цела НБА јавност зборува за 18-годишникот кој се залета да биде прв пик на драфтот наредната година, а воодушевувањето не го кријат и најголемите ѕвезди предводени од Леброн Џејмс.

– Цел свет го означи Виктор Вембанијама како кошаркарски „уникорн“, но тој е вонземјанин. Никогаш во мојот живот не сум видел некој волку висок да игра толку флуидно и елегантно на паркетот, – вели Леброн Џејмс.

Младиот Французин настапува за Метрополитанс 92 и сите му предвидуваат светла иднина, но веќе го гледаат и како идна голема НБА ѕвезда.

– Виктор ги поседува сите квалитети за да внесе голема промена во играта. Знам дека многу екипи од НБА лигата веќе гледаат како би го ангажирале преку драфтот. Ќе има голема борба за него следната година, – вели комесарот на НБА, Адам Силвер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни