Поврзете се со нас

Англија

Новиот напаѓач на Челси: Ќе го направам тоа што ми го кажа Мане

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Челси продолжува со промените во играчкиот кадар, бидејќи покрај големиот број на играчи кои ги ослободи во јуни, месецот го заврши со ангажман на уште еден фудбалер.

Николас Џексон импресионираше со своите настапи во Вилјареал и стана хит напаѓач во шпанската Ла Лига, а тоа беше добра препорака за Челси кој издвои 37 милиони евра за неговиот ангажман.

Младиот 22-годишен напаѓач има уште многу простор за напредок и ќе треба да се адаптира на условите во Премиер лигата, но смета дека престојот во Англија ќе му биде полесен поради советот кој го добил од својот славен сонародник.

– Зборував со Садио Мане пред да потпишам со Челси и тој ми зборуваше многу добри работи за менаџерот со кој ќе работам. Тој ми кажа неверојатни работи за Маурисио Покетино.

– Садио ми порача дека менаџерот ќе биде клучен за мојот напредок и побара од мене да слушам се што ќе ми каже. Ќе го направам тоа што ми го кажа Садио, – вели Џексон кој потпиша долг осумгодишен договор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни