Поврзете се со нас

Италија

Новиот Извршен директор на Јувентус ја коментираше казната изречена на сметка на „бјанконерите“

Објавено

на

Маурицио Сканавино е поставен на позицијата Извршен директор на Јувентус пред неколку недели, а веќе се соочи со првата голема криза во редовите на „бјанконерите“.

Јувентус остана без 15 освоени бода поради казната од федерацијата за случајот „плусваленца“, а Сканавино вечерва јавно зборувал за ставот на клубот.

– Јасно е дека се работи за несоодветна и нефер одлука.

– Ја чекаме одлуката, а потоа сигурно ќе испратиме жалба, потенцирајќи ја нашата позиција која е изградена на факти.

– Судот не смее да носи вакви еднострани одлуки, бидејќи сега настрада Јувентус, а утре тоа може да му се случи и на некој друг клуб. Имаме добро подготвени адвокати и ќе продолжиме да се браниме достоинствено и со факти, – изјавил Сканавино, кој ги осуди навивачите на Јувентус кои испраќале лични навреди на адреса на претседателот на Италијанската фудбалска федерација и неговото семејство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни