Поврзете се со нас

Италија

Новиот голман на Сари се посрамоти и направи голема глупост, Лацио направи пресврт со неверојатен гол (Видео)

Објавено

на

Лацио на победнички начин ја отвори новата сезона во Серија А, и тоа во еден натпревар кој беше навистина чуден и необичен на стадионот „Олимпико“ во Рим.

Се започна со почетничката грешка на новиот голман на Маурицио Сари, Португалецот Максимијано кој интервенираше надвор од шеснаесетникот и се самоисклучи уште во 6-та минута.

Ова беше првиот шок за навивачите на домашниот тим, кои беа уште побесни по 38 минути игра кога судијата покажа на белата точка, а Арнаутовиќ погоди за 0:1. Во тие моменти се чинеше дека Лацио има цела планина за искачување, но пристигна и малку добра вест пред да се замине на паузата, бидејќи црвен картон доби и Болоња поради втор жолт на Сумаро.

Во второто полувреме, Лацио се врати во игра со автоголот на Де Силвестри, а на 10 минути пред крајот, режираше и целосен пресврт со неверојатен гол.

Лацијалите имаа огромна среќа и постигнаа погодок по една несекојдневна флипер ситуација, по која доволно смирен и сталожен беше Чиро Имобиле за гол за 2:1 и победа на домашниот состав.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни