Поврзете се со нас

Боречки спортови

Нов УФЦ крал во средна категорија: Переира губеше четири рунди, па приреди спектакл во последната (Видео)

Објавено

на

Израел Адесања беше детронизиран рано утрово и го загуби својот шампионски појас во средна УФЦ категорија, откако во борба во која доминираше четири рунди, на крајот доживеа огромен шок од својот голем ривал од минатото.

Алекс Переира му имаше нанесено два порази на Адесања во кик-бокс конкуренција во пораната фаза од нивните кариери, но сега успеа и да му го одземе појасот на ривалот кој брутално го нокаутираше во петтата рунда.

Бразилецот беше далеку послаб борец во првите четири рунди и шампионот Адесања водеше со 3:1, но во последната рунда се случи пресврт и агресивниот Переира успеа да стигне до победа и појасот во средна категорија.

Иако изгледаше изморено по четирите рунди во кои не можеше да му парира доволно на Нигериецот, Переира беше свесен дека треба да остави се што има во октагонот во петтата рунда, а таквиот пристап донесе неверојатна агресија и офанзива од негова страна, која заврши со прекин од судијата поради серијата тешки удари кои му ги зададе на Адесања.

Во борбата која беше најинтересна од УФЦ 281 случувањето кое се одржа во Медисен Сквер Гарден, го видовме првиот пораз на Адесања во неговата УФЦ кариера, што значи дека Переира се претвора во негова „црна мачка“ и во спортот во кој направи трансфер по професионалната кик-бокс кариера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни