Поврзете се со нас

Лига на нации

Николов незадоволен од условите во Гибралтар: Вистинска катастрофа

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец кој стави точка на денешниот натпревар против Гибралтар, Бобан Николов изрази крајно незадоволство за условите за игра на стадионот во Гибралтар.

Македонија славеше со 2:0 на „Викторија Стадионот“ кој е еден од ретките со вештачка трева ширум Европа, па тоа  дополнително ја отежна задачата за избраниците на Милевски да стигнат до позитивен резултат, без притоа да заработат некоја потешка повреда.

Николов кој го постигна вториот гол во самиот финиш од натпреварот се пожали на вештачката трева која била крајно неквалитетна, а се пожали и на условите односно силниот ветер кој дувал во текот на целиот натпревар.

– Ова е катастрофа, и теренот и стадионот. Не барам алиби, но на неквалитетна вештачка трева и силен ветер тешко е да се игра. Искрено, не знам како се уште дозволуваат да се игра тука. За нас најважно е што победивме. Подготвени сме да ги исполниме задачите на селекторот, така беше и денеска кога ја исполнивме зацртаната цел, -изјави Бобан Николов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни