Поврзете се со нас

Италија

Никола Секулов добил понуда да замине од Јувентус, од клубот сериозно сметале на него

Објавено

на

Фудбалерот кој има македонско потекло, но во моментов настапува за  младинските селекции на Италија, Никола Секулов би можел да си замине од тимот на Јувентус ова лето.

20 годишниот офанзивец е редовен во у23 тимот на „старата дама“ и со своите партии од минатата сезона го привлекол вниманието на неколку евопски клубови.

Според италијанските медиуми, за Секулов сериозно запнал швајцарскиот Базел кој сакал да му понуди договор и веднаш да го вметне играчот во првиот тим, меѓу сениорите.

Сепак, трансферот би можел да не се реализира затоа што тренерот на у23 тимот на Јувентус, Масимо Брамбиља сериозно сметал на Секулов и го гледал како еден од клучните играчи за новата сезона.

Тоа го предочил и на раководството на клубот кое се согласило да се обиде да го задржи играчот кој се прикажал одлично и на подготвителните натпревари.

Секулов засега е далеку од првиот тим на Јувентус и според медиумите во Италија нема да добие шанса да игра со сениорите, но клубот од Торино ќе вложел сите напори за да го зачува во своите редови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни