Меѓународни настани
НФЛ тимот Вашингтон го исфрли „Редскинс“ од своето име

НФЛ тимот Вашингтон официјално го промени името на франшизата, односно го исфрли од употреба спорното име Редскинс.
Антирасистичките демонстрации во САД ги активираа главните спонзори на Вашингтон, по што тие побараа реакција од клубот и реализација на одамна најавената промена на името, кое делува навредливо кон индијанските домородци на американска територија.
Компании како „Федекс“ и „Пепси“ се заканија дека можат да се повлечат од спонзорирањето ако не дојде до промена пред почетокот на новата сезона.
Барем привремено, клубот во американски фудбал ќе се вика Вашингтон футбол тим, а истиот најави дека наредниов период ќе се ребрендира и ќе го исфрли од употреба досегашното име.
Интересно, во минатото и НБА тимот на Вашингтон мораше да го менува името, откако спорното име Булетс (куршуми) беше заменето со Визардс (волшебници).

- Лига на шампионипред 24 часа
Зидан искрен по победата над Аталанта: Не бевме најдобри иако имавме играч повеќе
- Лига на шампионипред 15 часа
Зидан откри интересна анегдота за стрелецот на голот и нагласи: Ова беше воиграна акција од тренинзите! (Видео)
- Лига на шампионипред 15 часа
Бесниот Гасперини со предлог до УЕФА какви судии да делегира во иднина: Ова е самоубиство на фудбалот!
- Италијапред 11 часа
Даглас Коста незадоволен од престојот во Баерн Минхен, најави каде би можел да продолжи
- Лига на шампионипред 13 часа
Иличиќ бесен откако беше изваден по само 30 минути игра, Гасперини веднаш му возврати
- Англијапред 11 часа
Европските гиганти се „испотепаа“ за фудбалер од втората англиска лига: Бекот на Норвич прави супер трансфер
- Италијапред 11 часа
Интер потврди пет случаи позитивни на Ковид-19
- Англијапред 14 часа
Шок за голманот на Ливерпул: Таткото на Алисон се удавил пливајќи во езеро во Бразил