Поврзете се со нас

Шпанија

Неверојатни бројки зад името на Столе: Само еден голман во Ла Лига е подобар од Димитриевски (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/RayoVallecano

Столе Димитривски брани во врвна форма оваа сезона и тоа го потврди и на вчерашниот натпревар против Алмерија, на кој имаше една клучна одбрана при резултат 0:0.

Македонскиот чувар на мрежата покажува се подобри партии и важи за еден од најконстантните голмани во Ла Лига, или поточно, постои само еден голман кој е подобар од него кога се „чистите мрежи“ во прашање.

Столе вчера на осми пат оваа сезона не прими гол и изби на второто место на голманскиот поредок во Примера, каде неприкосновен на првото место е Марк Андре Тер Штеген со дури 15 „чисти мрежи“.

На 19 натпревари оваа сезона, Димитривески дури во осум наврати не ја вадеше топката од својата мрежа, прими 19 голови, а има дури 54 успешни интервенции.

Кога е во прашање статистиката за вчерашниот меч, Столе имаше пет успешни одбрани против играчите на Алмерија, а истите му помогнаа да биде во статистиката за „чисти мрежи“ на второто место, пред големи имиња како Јан Облак и Тибо Куртоа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни