Формула 1
Неочекувана промена во раководството на Ферари

Извршниот директор на Ферари под која спаѓа и формула 1 тимот, Луис Камилери објави дека се повлекува од сите деловни ангажмани во автомобилистичкиот гигант.
Камилери ја извршуваше оваа значајна функција од летото 2018 година кога го замени Серџо Маркионе кој беше лидер на целата групација на Фиат откако тој ненадејно почина по краткото боледување.
Веста за повлекувањето на Камилери ги затече сите во Ферари, па така на позицијата привремено ќе го замени Џон Елкан.
Елкан е дел од сопственичката структура како дел од семејството Ањели кои ја купија фабриката во Маранело од легендарниот основач, Енцо Ферари.
Ваквата промена во раководната структура на Ферари не се очекува да предизвика никакви тектонски поместувања во Формула 1 тимот каде што улогата на тимски шеф и технички директор и натаму ќе му е доверена на Матија Биното.
Шарл Леклер кој има долгорочен договор и Карлос Саинц кој од следната година за прв пат ќе седне во болидот на Ферари остануваат пилоти на тимот.
Инаку, последната трка од Формула 1 сезната се вози викендов во Абу Даби, додека почетокот на следната сезона се очекува да биде во март кога со трката за Големата награда на Австралија.

- Шпанијапред 16 часа
Фудбалерите на Реал со уште еден потег покажаа колку им значи клубот: Донеле заедничка одлука за…
- Италијапред 17 часа
Пандев веројатно ќе си оди, но друг Македонец ќе го замени и ќе заигра за Џенова од следната година
- АТПпред 15 часа
Ѓоковиќ откри кој е неговиот најголем сон: Не сакам да бидам неблагодарен…
- Англијапред 17 часа
Тухел презадоволен по победата над Сити испофали еден фудбалер: Го победивме најдобриот тим во Европа
- Англијапред 19 часа
Солскјер не се откажува и верува во чуда: Многу почудни работи се случиле досега
- Германијапред 20 часа
Легендата на Баерн која го најави заминувањето на Флик: Стојам зад својот збор, знам кој ќе биде нов тренер
- Шпанијапред 14 часа
Нов проблем за Реал: Зидан нема да може да смета на уште еден важен играч за пресметката со Хетафе
- Англијапред 16 часа
Реал Мадрид го обновил интересот за фудбалер на Манчестер Сити