Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Нејмар со провокација го „пецна“ Лајпциг, па му смисли прекар на Ди Марија по пласманот во финалето (Фото)

Објавено

на

Бразилецот Нејмар одново беше супер расположен за игра во полуфиналето во Лигата на шампионите, слично како што беше ситуацијата минатата седмица кога во четвртфиналето брилјираше на теренот против Аталанта.

Нејмар беше асистент на вториот погодок кој го постигна Ди Марија откако изведе вистинска атракција, но и покрај фантастичната партија, и самиот беше свесен дека херој на полуфиналето против Лајпциг беше Аргентинецот.

Ди Марија беше избран за играч на мечот благодарение на двете асистенции и постигнатиот гол, а по победата од 3:0, шоуто на социјалните мрежи го украде Нејмар.

Бразилецот издоминира со неколку Инстаграм сторија, од кои едно искористи како провокација до Лајпциг алудирајќи на нивниот спонзор „Ред Бул“, додека едно му посвети на својот сакан соиграч на кого му смисли и прекар по пласманот во финалето кое е прво за ПСЖ во историјата.

– Ди Магија……

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни