Поврзете се со нас

Франција

Нејмар: ПСЖ го исполнува најважниот услов и затоа останав!

Објавено

на

Угледниот „Л’Екип“ беше првиот медиум кој вчера на полноќ со својата насловна страна најави дека Нејмар денеска ќе стави потпис на нов договорот, а веродостојната информација ова попладне и дефинитивно стана реалност, со само една мала поправка од официјалната објава на весникот.

Во веста на „Л’Екип“ беше нагласено дека Бразилецот ставил потпис на петгодишен договор, но во официјалното соопштение на клубот кое пристигна пред неполн половина час, се потенцира дека Нејмар се обврзал на нов четиригодишен договор според кој ќе остане на „Паркот на принцовите“ до 2025-та година.

Нејмар веќе позираше со дресот на кој се потенцира годината до која ќе остане во клубот, но одработи и интервју за клупската телевизија по повод взаемниот договор со „светците“.

– Навистина сум многу, многу среќен што го продолжувам договорот до 2025-та година. Вистината е дека сум многу среќен, а тоа го докажувам со потпишување на нови четири години. Сакам да бидам дел од овој проект, да се обидеме да ја освоиме Лигата на шампионите, тоа е нашиот најголем сон.

– ПСЖ го исполнува најважниот услов за останување. Најважниот фактор за мене е среќата, а јас сум многу среќен во клубот. Работите се променија на добро, уживам што сум дел од овој тим, од овој клуб. Тука секако е и љубовта и приврзаноста која ја имам кон клубот, кон вработените, кон тренерот од кого секој ден учиме нешто ново. Овие работи прават да верувам уште толку повеќе во проектот, – вели Нејмар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни