Поврзете се со нас

НБА

НБА или селска лига? Тренерот на Бруклин прекина акција на Вашингтон, судиите не се огласија (Видео)

Објавено

на

Бруклин на драматичен начин го победи Вашингтон на гостувањето со 118:119, но домашните навивачи и играчи дефинитивно имаа причина зошто да бидат бесни во овој пораз.

Во моментите кога се кршеше резултатот во четвртата четвртина, судиите имаа еден голем превид на сцена која не е карактеристична за НБА лигата, а за која дефинитивно треба да добие дополнителна казна помошникот на Стив Неш.

Тренерот на Бруклин беше кокректен како и обично и во победа и во пораз, но неговиот помошник Дејвид Вантерпул ја прекина акцијата на противникот во последниот период, а судиите не го забележаа тоа.

Кузма не можеше да поверува што гледа и веднаш направи прекршок за да ја прекине акцијата на гостите, но судиите не ја прегледаа претходната ситуација и топката остана за Бруклин.

Оваа судиска неправда навистина ги разочара членовите на Вашингтон, кои на крајот претрпеа и болен пораз од еден поен разлика.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни