Поврзете се со нас

НБА

НБА бравури со балкански шмек: Спектакуларното додавање на Дончиќ и моќното забивање на Јокиќ (Видео)

Објавено

на

Во НБА ноќта во која на програмата беа седум натпревари, најдобрите потези беа резервирани за двајца играчи од Балканот, односно спектакуларните Лука Дончиќ и Никола Јокиќ.

Словенецот одново го предводеше својот Далас до победа на гостувањето кај Орландо со фантастични 33 поени, а му фалеше само една асистенција за да стигне до трипл-дабл. Покрај 33-те поени, Лука имаше 10 скокови и 9 асистенции, а една од нив беше спекакуларна и се најде на второто место на изборот за најдобрите потези во вечерта која измина.

Покрај победата на Далас од 124:130, гостинска победа оствари и Денвер благодарение на Србинот Јокиќ, кој се најде во прв план поради моќното забивање кое беше избран за убедливо најдобар и најатрактивен потег.

Елегентниот центар исто така го делеше една асистенција од трипл-дабл, со тоа што уфрли уште 14 скокови и импресивни 39 поени во победата од 112:118 над Чикаго.

Од атрактивните потези, за издвојување е и луцидноста на Кајри Ирвинг, кој на магичен начин го пронајде својот соиграч во победата на Бруклин над Сан Антонио.

НБА резултати:

Орландо – Далас 124:130
Филаделфија – Индијана 130:114
Чикаго – Денвер 112:118
Њу Орлеанс – Јута 129:124
Сан Антонио – Бруклин 113:124
Хјустон – Кливленд 90:101
Портланд – Шарлот 123:111

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни