Поврзете се со нас

Шпанија

Навивачите му се пуштија на Куман, едвај го напушти „Камп Ноу“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Барселона претрпе пораз од Реал Мадрид (2-1) во големото дерби во Примера, пораз кој дефинитивно е уште едно разочарување за клубот и навивачите кои денеска во голем број беа присутни на „Камп Ноу“.

Ова беше уште еден голем меч во оваа сезона кој каталонците не го добија, па дел од фановите својот бес го истурија врз тренерот Роналд Куман кој веќе одреден период е под сериозен притисок поради слабите резултати и партии.

Куман едвај го напушти „Камп Ноу“, односно при излегувањето навивачите го опколија неговиот автомобил, го навредуваа, бараа оставка од него, а еден дури и се качи на истиот за да направи селфи.

Ваквите сцени едноставно се недозволиви, па од клубот порачаа дека ќе ги преземат сите мерки ова да не се повтори во иднина, а и ги осудија навредите на сметка на Холанѓанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни