Шпанија
Најкритикуваниот играч на Барса го крена гласот: Пет години се вперува прстот кон мене, тоа е дел од циркусот!

Жорди Алба беше убедливо најкритикуваниот играч на Барселона по елиминацијата од Атлетик Билбао во Купот и беше на големо исмејуван и од фановите на клубот, но како одговор на сето ова, искусниот лев бек синоќа возврати со клучен потег во тешко извојуваната победа на каталонскиот гигант.
Барселона го победи Алавес на гостувањето во Виторија со гол на Де Јонг во 87-та минута, но акцијата ја осмисли токму левиот бек кој на извонреден начин го проигра Феран Торес кој потоа асистираше до стрелецот на погодокот.
Жорди Алба беше еден од фудбалерите на Барса кои даваа изјави за медиумите по крајот на натпреварот, но не пропушти да нагласи дека веќе со години го чувствува притисокот и прифатил да биде најоцрнуван од страна на новинарите кои се занимаваат со клубот.
– Со години наназад се чувстувам како играч кој се издвојува кога работите не одат добро, но ги прифаќам сите критики. Се чувствувам како играч кон кого се вперува прстот, но тоа е дел од овој циркус и знам дека кога имаме лош меч, ќе се покаже кон мене.
– Ми беше навистина лошо по елиминацијата во Купот, критиките секогаш се тука и морам да го прифатам тоа. Ако одиграм добро, не се зборува за мене, ако дадам две асистенции не се зборува за мене, но кога не играм добро, сите ме убиваат. Го прифаќам тоа и мора да се справам со тоа. Добро е што ме почитуваат соиграчите и луѓето од стручниот штаб. Никој не ми подарил ништо во Барселона. За жал, кај нас секогаш се виновни ветераните, изгледа како да играат само ветерани во Барселона. Веќе пет години се зборува за мене, но веќе имам 32 години и се уште имам сила. На мечот со Билбао не одиграв добро и го признавам тоа, јас знам да се носам со критиките колку и да се тешки, – порача Алба.
-
Францијапред 24 часа
Премиерлигаш се обидел да ја искористи „битката“ на ПСЖ и Реал за Мбапе
-
Англијапред 18 часа
Фердинанд: Јунајтед е еден од најлошите клубови во светот за испраќање легенди!
-
Италијапред 21 час
Ди Марија му рекол „да“ на најзагреаниот клуб за неговиот потпис
-
Светски првенствапред 14 часа
Преседан во најава: Италија може да игра на Мундијалот, тоа го најави висок спортски работник од оваа земја
-
Лига на шампионипред 21 час
Чеферин со најава за големото финале во ЛШ: Реал има слаба одбрана, но девет животи!
-
НБАпред 17 часа
Леброн откри меѓу кои тројца играчи би бирал за дуел „два на два“ против Џордан и Пипен (Фото)
-
Шпанијапред 23 часа
Куман и Лапорта се сретнаа првпат по отказот, средбата потврди колку се „почитуваат“ (Видео)
-
Италијапред 23 часа
Дибала го направи последното селфи на „Алијанц“, на него се и двајца „специјални гости“ (Фото)