Поврзете се со нас

Франција

„Најк“ откри зошто неочекувано ја прекина соработката со Нејмар

Објавено

на

Американскиот гигант „Најк“ потврди дека веќе не соработува со фудбалската ѕвезда Нејмар.

Причина за крај на спонзорскиот договор со Бразилецот е одбивањето на фудбалерот на ПСЖ да соработува со истрагата во случајот во кој бил обвинет за сексуален напад на вработена во компанијата.

Инцидентот се случил во 2016 година, а вработената го пријавила кај раководството на компанија две години подоцна.

Минатата година беше објавено дека „Најк“ и Нејмар веќе нема да соработуваат без да биде објавена причината, за сега производителот на спортска опрема да ги потврди мотивите за ваквата одлука.

Компанијата не го објавува идентитетот на жртвата на сексуалниот напад, но не можела да ја продолжи соработката со Бразилецот, бидејќи тој не покажал добра волја да учествува во интерната истрага по пријавувањето на случајот.

Во 2019 година Нејмар беше обвинет и за силување, но судот немал доволно докази за да отвори судски процес против фудбалската ѕвезда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни