Поврзете се со нас

Англија

Најбурното интервју во Англија: Бесниот Клоп имаше жесток вербален клинч со новинарот, го „поздрави“ и менаџерот на Шефилд (Видео)

Објавено

на

Јирген Клоп беше бесен од развојот на настаните на теренот на „Амекс стадионот“ и не можеше да поверува каква судбина го снајде неговиот тим, откако водството од 0:1 и двата поништени гола беа фрлени во вода со примениот гол во судиското надополнување.

Брајтон го реализираше вториот пенал и дополнително го налути Клоп, менаџерот на Ливерпул кој и од претходно носеше бес во себе со оглед на „војната“ во која влезе со водечките ТВ куќи кои ги одредуваат и термните за одигрување на натпреври во Премиер лигата.

По крајот на средбата, Клоп имаше жесток вербален дуел со новинарот Дес Кели кој траеше повеќе од осум минути, на кого ироничнои му се заблагодари за новата повреда која ја заработи во тимот. Џејмс Милнер не го доигра натпреварот поради мускулна повреда, а Клоп за тоа директно ги обвини луѓето од „Би-Ти Спорт“.

– Да, Милнер заработи мускулна повреда. Честитки до „Би-Ти Спорт“, ви честитам, ти работиш за нив, – му порача Клоп на новинарот со кого имаше низа недоразбирања за време на интервјуто, во кое не пропушти да го поздрави и менаџерот на Шефилд Јунајтед, Крис Вајлдер.

– Прашајте го Крис Вајлдер како може да го решиме ова. Тој постојано вели дека јас сум себичен, а мислам дека 15 менаџери излгасаат да имаме по пет замени во Премиер лигата. Ништо не е сменето. Во оваа ситуација, мислам дека тој е себичен. Јас бев во слична ситуација како него во Мајнц и целта беше да се остане само во лигата. Тој сега има само три замени и еден освоен бод од стартот на сезоната, – брутално порача Клоп.

Жестокото интервју погледнете го во целост:

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни