Поврзете се со нас

Италија

Наинголан реагираше по измислената изјава со која наводно го провоцира Роналдо

Објавено

на

Раџа Наинголан не успеа да го спаси својот Калјари од убедлив пораз од Јувентус на Сардинија, а по средбата на социјалните мрежи почна да кружи наводна негова изјава, со која испраќа провокација до противникот и пред се Кристијано Роналдо.

Белгиецот кој никогаш не го „галел“ Јувентус со своите изјави, овој пат решил да реагира бидејќи изјавата била измислена и тој сметал дека мора да ја демантира.

– Роналдо е среќен бидејќи ја спаси сезоната постигнувајќи хет-трик против екипата која е четврта одзади на табелата и има примено 46 голови. Штета што головите не ги постигна против Порто, па сега ќе гледа Лига на шампиони во својата дневна соба, – е измислената изјава која кружеше меѓу анти-јуве фановите на социјалните мрежи.

Наинголан објавил стори со истата, а потоа уште едно, со кое ја објаснил ситуацијата.

– Од каде да почнам, сега луѓето ќе го стават моето име под некоја реченица и тоа станува моја изјава? Претеравте.

– Како би можело да зборувам на таков начин за позицијата и бројот на голови примени од Калјари. Престанете со глупостите. А за шампиони како него (Роналдо) имам само респект, затоа доста со измислени работи, – напишал Наинголан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни