Поврзете се со нас

АТП

Надал: Се сомневав дека ќе се вратам…

Објавено

на

Рафаел Надал успешно ја мина и третата пречка на Австралија Опен и тоа во името на Карен Хачанов кого го совлада со 3-1 во сетови.

По 15. пат ќе игра во четвртото коло: Надал го реши најтешкиот предизвик во Мелбурн (ВИДЕО)

Ова за Шпанецот беше најтежок предизвик во досегашниот дел од турнирот, предизвик на кој одговори многу добро со партија која според него е најдобра по кам-бекот на терените.

-Задоволен сум од мојот настап. Ова беше мојот најдобар натпревар откако се вратив на тенисот. Се добро функционираше, но во третиот сет направив неколку грешки. Мислам дека најголемата е тоа што се обидов да враќам од основната линија. Сепак ја променив динамиката во четвртиот. Работите не можат секогаш да бидат совршени, -рече Надал и додаде:

-Не размислував многу за противникот. На првите два меча почувствував дека сум премногу далеку. Не можев да го покривам целиот терен, да го турнам противникот, си реков дека треба да се обидам да се враќам од основната линија и потоа се чувствувам поживо и подинамично, -истакна Шпанецот кој призна дека кај него имало сомнеж дека ќе се врати на теренот по повредата на стапалото.

-Секој ден. Бев многу месеци на теренот, се обидував секое утро, разговарав со тимот и не можев тренирам ниту 20 минути. Потоа ќе тренирав два часа. Пробав различни работи. Тешко е, иако во текот на кариерата многупати сум бил на таа позиција. Различно е со повреда на стапалото. Одите во теретана секој ден без напредок и не знаете што ќе се случи. Многу е тешко психички, заклучи Рафа кој во четвртото коло ќе игра против Манарино од Франција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни