Поврзете се со нас

АТП

Надал се прости од Барселона: Направив нешто што беше незамисливо

Објавено

на

Foto:twitter.com/bcnopenbs

Рафаел Надал не го положи првиот посериозен испит во Барселона и загуби во дуелот со Алекс Де Минор по еден час и 51 минута игра, пораз кој најверојатно беше последен за Шпанецот на еден од неговите најомилени турнир во кариерата.

Надал 12 пати славеше во Барселона и централниот терен на турнирот го носи името на шпанскиот тенисер, а бидејќи самиот најави дека ова најверојатно е неговата проштална година во тенисот, фановите го испратија со многу емоции по поразот од 7:5 и 6:1.

– Ова не беше ден кога требаше да оставам се и да умрам на теренот. Тоа го чувам за Париз, таму нека биде она што Бог ќе замисли. Очекувам да бидам компетитивен на Ролан Гарос, во овој момент не можам да го правам тоа. Мене ми е мило што можев да се збогувам од турнирот во Барселона играјќи на теренот. Не преземав никаков ризик, најважно беше да играм и самото тоа што бев на теренот е голема вест.

– Откако го загубив првиот сет, останав без сила за борба и мечот тука заврши. Играв колку што можев во овој момент. Да бидам искрен, во оваа фаза од подготовките не смеам да си дозволам да играм три сета.

– Очекувам да бидам во Мадрид за една недела, сакам да продолжам да тренирам и да врзам контиунитет со неколку меча. Ова најверојатно беше мој последен меч во Барселона, но знам да се носам добро со емоциите. Секогаш уживав да играм тука, успеав да победам дури 12 пати, а тоа беше нешто незамисливо, – изјави Надал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни