Поврзете се со нас

АТП

Надал: Повредата на Ѓоковиќ? Не се сомневам, ама…

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ веќе некое време влече повреда, но и покрај проблемот со задната ложа тој успева убедливо да ги реши неговите противници на Австралија Опен.

Поради ова има луѓе кои се сомневаат во неговата повреда, состојба со оглед на тоа што го прикажува на теренот, па пред некој ден Ѓоковиќ меѓу редови како да го прозва Рафаел Надал.

Ѓоковиќ: Ќе паднат уште многу маски, само се сомневаат во мојата повреда…

Ова го забележа неговиот чичко и долгогодишен негов тренер, Тони Надал кој се обиде да одговори и го каже својот став на темата.

-Ја слушнав неговата изјава на прес-конференцијата кога рече дека постои сомнеж за неговите повреди, додека другите се претставени како жртви. Знам дека мислеше на Рафа. Сите овие години можевме да видиме колку пати се повреди и колку тоа влијаеше на неговата игра. Затоа Новак не треба да се чуди што неговите победи против Димитров и Де Минор покренаа одредени сомнежи за неговата повреда, -вели Тони за „Ел Паис“ притоа порачувајќи дека го гледа Ноле како шампион во Мелбурн.

-Се случуваше да има проблеми, па да се избори и на крајот излезе како победник. Не се сомневам во неговата повреда, но од она што го видов тоа не влијае на играта. Го подигна нивото на игра и мислам дека ќе го подигне пехарот во недела. Ми се чини дека Циципас и Ѓоковиќ ќе играат во финалето, Новак е фаворит поради начинот на игра и одличната форма, -заврши Тони кој сега е тренер на Феликс Оже-Алијасим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни