АТП
Ѓоковиќ: Ќе паднат уште многу маски, само се сомневаат во мојата повреда…

Новак Ѓоковиќ продолжи да напредува на Австралија Опен каде многу полесно од очекувањата ја мина осминафиналната пречка во името на домашниот фаворит Алекс Де Минор.
Австралиецот најавуваше голема борба, изненадување, ама на теренот претрпе тежок пораз во три сета од 6-2, 6-1 и 6-2. Ѓоковиќ му одржа лекција на Де Минор, а потоа имаше што да им порача на оние кои се сомневаат дека е повреден, односно оние кои сметат дека повредата не му е од таква природа за да не може да прикаже тенис кој носи победи во Мелбурн.
-Сомнежите им ги оставам на нив, тие што се сомневаат нека продолжат да се сомневаат. Се сомневаат само во моите повреди, а кога ќе се повредат некои други играчи, тие се жртви, а јас сум тој што се преправа. Тоа е многу интересно, знаете за кого се работи. Немам чувство дека некому треба нешто да докажам.
-Имам снимки од пред две години, магнетна резонанца, ултразвук… Не знам дали ќе го објавам на мрежите, во документарец, не знам. Зависи како се чувствувам, можеби ќе направам, можеби нема… Не ми интересира што луѓето велат. Само се продолжува тој наратив околу мене, кој е различен од другите играчи. Навикнат сум на тоа, а тоа ми дава дополнителна сила. Така да, благодарам за тоа.
-Ќе паднат уште многу маски, особено маските што беа создадени во последните две години што беа создадени со оваа ситуација. Тоа е она што ме интересира да го видам, -порача Србинот кој за нареден ривал го има Рубљов.
-
Англијапред 12 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Италијапред 21 час
Алегри полуде по потегот на Ди Марија во самата завршница против Лацио (ВИДЕО)
-
НБАпред 23 часа
Се е подготвено за НБА спектакл: Познати се и резервите за Ол-стар мечот во Солт Лејк Сити (ФОТО)
-
Светпред 16 часа
Роналдо беснееше по промашените зицери, па конечно погоди од пенал (Видео)
-
Светски првенствапред 20 часа
Коло Муани се уште го сонува зицерот против Аргентина: Можев да го лобувам Мартинез, да му додадам на Мбапе…(ВИДЕО)
-
Англијапред 24 часа
Нуњез ги откри советите на Клоп и призна: Не играм добро!!!
-
Италијапред 23 часа
Алегри: Поставивме добра основа да се вратиме на вистинскиот пат
-
АТПпред 22 часа
На чекор до ново финале: Ивановски го суреди и осмиот носител во Монастир