Поврзете се со нас

АТП

Надал му се одмазди на Зверев и обезбеди полуфинале во Рим (ВИДЕО)

Објавено

на

Шпански ас, Рафаел Надал обезбеди полуфинален билет за АТП Мастерсот што се игра во Рим.

Големиот борец ја доби пресметката против Александар Зверев и на тој начин му се одмазди на Германецот за поразот од Мадрид од пред неколку дена. Надал беше максимално фокусиран, знаеше што сака во овој дуел и со 6-3, 6-4 закажа меч против „џинот“ Опелка кој претходно беше подобар од Делбонис.

Ова за Рафа беше шеста победа во битките во Зверев со што воедно ја прекина серијата на противникот од три триумфи.

Во случај да бикот од Мајорка ги добие наредните два меча во Рим тогаш ќе се израмни со Новак Ѓоковиќ со по 36 славја на АТП Мастерс турнирте од серијата 1000.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни