Поврзете се со нас

Македонија

На Андоновски му се слошило на натпреварот против Бутел, ГРК Охрид со официјална потврда

Објавено

на

Foto: facebook.com/hcohrid

Страв и паника завладеала во спортската сала „Билјанини Извори“ кога на вчерашниот натпревар помеѓу ГРК Охрид и РК Бутел, тренерот на охриѓани, Горан Андоновски се пожалил на здравствени проблеми.

На Андоновски му се слошило на полувремето на средбата која Охрид ја доби со убедлив резултат (28:19) и веднаш бил префрлен во болница на детални испитувања.

Од ракометниот клуб ја потврдија информацијата и потврдија дека со Андоновски за среќа се било во ред и дека тој веќе следната недела ќе се врати на својата работа како тренер на тимот.

– На шефот на стручниот штаб на ГРК Охрид, Горан Андоновски, вечерва му беше извршен лекарски преглед во болница, откако на полувреме од мечот со Бутел, што се одигра во салата Билјанини извори, се пожали на здравствени проблеми, поради што мораше пред време да го напушти натпреварот.

-Андоновски по лекарската интервенција е во стабилна здравствена состојба и се очекува следната седмица да се врати на работните обврски.

– ГРК Охрид на тренерот Андоновски му посакува брзо закрепнување и добро здравје, -стои во соопштението на ГРК Охрид лиферувано преку нивниот официјален Фејсбук профил.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни