Поврзете се со нас

АБА лига

МЗТ Скопје го растури Широки Бријег на негов терен

Објавено

на

Македонскиот шампион МЗТ Скопје на идеалеан начин го отвори последниот „балон“ турнир во АБА2 лигата и тоа против домаинот на истиот Широки Бријег кого го совлада на негов терен со убедливи 91-78.

„Штрковите“ имаа осцилаци во играта во првото полувреме, но без разлика на тоа успеаа да пауза да заминат со позитива од 42-38. Во третиот период избраниците на Петровиќ одиграа најдобро и дојдоа до двоцифрена предност која потоа без проблеми ја одржуваа и сосема заслужено на крајот се израдуваа на деветтиот триумф во единаесеттиот натпревар.

МЗТ имаше пет играчи со најмалку десет кошеви, прв стрелец беше Дамјан Стојановски со 17, додека зад него беше Милошевиќ со 14 поени и 13 скокови.

Кај поразените дуото Билиновац-Божиќ искомбинира 31 кош.

Македонскиот претставник во следната рунда се соочува со Борац Бања Лука.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни