Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ Скопје без мака до втора победа во плејоф пресметката со Гостивар

Објавено

на

Актуелниот македонски шампион, МЗТ Скопје е на добар пат да обезбеди пласман во полуфиналето на плејофот во Првата лига откако ја доби и втората пресметка со Гостивар.

Избраниците на Васко Атанасов не дозволија никакво изненадување и славеа со 89:67. Домаќините добија само две четвртини, но една од нив дури со 21 разлика (32-11) што беше повеќе од доволно да се заврши работата.

Најефикасни беа резервистите Делалиќ, Робев и Андоновски со 14, 13 и 12 поени, додека кај поразените Стојаноски беше автор на 20 кошеви.

Во наредното соочување Гостивар ќе ја има предноста на домашниот терен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни