Поврзете се со нас

Италија

Мурињо: Сакам да и донесам титули на Рома, љубовта кон клубот…

Објавено

на

Трофејниот португалски стратег, Жозе Мурињо од оваа сезона повторно е во Италија и тоа на кормилото на Рома.

Мурињо го прифати предизвикот, повикот од Рим и сега сака да изгради тим кој ќе биде победнички, состав кој ќе биде конкурентен за самиот врв и секако за титулите. „Волчицата“ одамна нема ниту еден трофеј (2007-08), па специјалниот верува дека тој ќе биде човекот кој тоа ќе го промени и ќе донесе радост за навивачите.

-Би донел титули на Рома, бидејќи еден клуб живее со титули и тие ја подгреваат страста на навивачите. Веднаш сфатив дека љубовта кон Рома тука ги надминува трофеите, тоа е вечна страст, таа е во крвта и тоа е семејно.

-Сепак победата е она што недостасува и ние градиме проект за да стигнеме таму. Ако дојде со мене на чело, ќе биде совршено, ќе биде прекрасно да знам дека сум придонесол за изградба на оваа иднина која е сон за секого. Не ме изненади страста, бидејќи живеев и работев во Италија две години, играв против Рома многу пати, така што атмосферата е одлична, -истакна Мурињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни