Поврзете се со нас

Англија

Мурињо објасни зошто го извади Бејл веднаш по голот, па им се обрати на незадоволните играчи: Не можам да правам чуда

Објавено

на

Герет Бејл беше повлечен од игра неколку секунди по спектакуларниот слободен удар кој го изведе во 57-та минута, прекин по кој Тотенхем го скрши мразот во дуелот против Антверп во Лигата на Европа.

Одлуката на Мурињо да го повлече Герет од игра во 58-та минута по клучниот момент на мечот предизвика многу реакции меѓу англиски експерти, но португалскиот стручњак имаше едноставно објаснување и нагласи дека немал намера да ја менува одлуката која ја донел уште пред изведениот прекин.

– Тоа беше добар слободен удар од Герет Бејл и напаѓачот Винисиус ја прочита втората одбиена топка и даде гол. Кога размислував за промена во тимот, резултатот беше 0:0 и потоа постигнавме гол. Така излезе, но не можев да ја менувам мојата одлука. Затоа беа направени три замени одеднаш, вклучувајќи го и Бејл, – порача Мурињо.

Покрај Бејл, во 58-та минута теренот го напуштија и стрелецот Винисиус и Винкс, од кои овој последниот наместо на клупата за резерви, веднаш замина во соблекувалната. Истото го направи и Деле Али, долгогодишната ѕвезда на Тотенхем која сега не добива шанса од Мурињо и во ситуација кога може да искористи дури пет замени.

– Како можам да ги направам сите среќни? Тоа е невозможно, не верувам дека сите играчи се среќни, тоа е природата на фудбалот. Јас не можам да правам чуда. Што се однесува со заминувањето во соблекувалната, на оние што седат на клупата и оние што излегуваат од теренот, на вакво ладно време им препорачувам порано да одат под туш. Винкс го направи тоа што го сакам. Што се однесува до Али, знам дека не може да биде среќен. Нема да бегаме од реалноста, играч кој останува на клупа после пет извршени измени, сигурно не е среќен играч. Не очекувам да биде среќен, – додаде Жозе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни