Поврзете се со нас

Англија

Мурињо не запира, во Северен Лондон стигнува нов одличен напаѓач

Објавено

на

Иако никој не очекуваше дека Тотенхем ова лето ќе прави спектакуларни трансфери поради финансиската ситуација предизвикана од коронавирусот, тоа се случи, па „петлите“ се клубот кој покрај Челси најмногу ги засили своите редови.

Досега тимот го засилија Мат Доерти, Пјер Емил Хојберг, Серхио Рехуилон и најголемото и најзвучното име кое пристигна ова лето, Герет Бејл.

Сега, медиумите на Островот пишуваат дека Мурињо ќе донесе уште еден напаѓач кој ќе делува како резервна опција за Хари Кејн.

Прв избор на португалскиот стратег е напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик чиј  веќе договорен трансфер во Рома пропадна во последен момент, а според многумина причината е токму сериозниот интерес од страна на Тотенхем.

Договорот на Милик со Наполи истекува следната година, па тој нема  да биде многу скап за англискиот клуб кој во следните денови ќе ги интензивира преговорите со Наполи и со претставниците на играчот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни