Поврзете се со нас

Италија

Муриел се посрамоти за сите пари, за глава се фаќаше и Смолинг (Видео)

Објавено

на

Аталанта доминираше на „Олимпико“ во Рим цели 65 минути и пропушти шанси да го реши прашањето околу победникот многу рано на дерби средбата, но сите пропуштени прилики, на крајот им се удрија од глава на гостите кои за малку и ќе загубеа.

Тимот на Гасперини поведе заслужено во првиот дел со голот на Малиновски, Рома беше крајно немоќна и немаше ниту еден директен удар кон голот цели 70 минути, но сепак знаеше како да ги казни утките на противниците.

Убедливо најголемата ја имаше Колумбиецот Муриел во 63-та минута, кога едно одлично додавање од Запата го упропасти, наместо лесно да погоди за 0:2 што сигурно ќе значеше и победа за Аталанта.

Промашувањето на напаѓачот ги шокираше неговите соиграчи и тренерот Гасперини, но се чудеше и противничкиот стопер Смолинг кој се фаќаше за глава на клупата за резерви.

После ова, Госенс поради еден невнимателен старт заработи црвен картон, Кристанте со фантастичен удар го матираше Голини на 15 минути пред крајот, а во завршницата, Џеко имаше два одлични обиди за комплетен пресврт, нешто што сепак не се случи. Со конечните 1:1, Аталанта остана на третото место, а Рома на седмото.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни