Поврзете се со нас

Европски првенства

Мојсовски: Ќе се судриме гради во гради со Црногорците, сигурно ќе победиме ако…

Објавено

на

За „Дерби“ од Унгарија,
Ристе Влахов

Вечерва од 18 часот македонската ракометна репрезентација го игра вториот меч на европскиот шампионат и тоа против селекцијата на Црна Гора.

Ова е многу важен, клучен дуел за двете селекции кои загубија на стартот на шампионатот, па сега бараат победа со која би ги сочувале шансите за пласман во наредната фаза. Нашата репрезентација според обложувалниците е фаворит, но тој статус ќе мора да се потврди на теренот во Дебрецин.

Националниот тим ќе ја има поддршката од публиката, група од која е и поранешниот македонски репрезентативец и прв човек на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски. Мојсовски очекува борба низ сите 60 минути, но и победа на четата на Кирил Лазаров.

-Оваа селекција покажа дека има силан, младите момци покажаа дека можат. Се надевам дека тоа денеска ќе го покажаме, да ја повториме играта против Словенија и верувам дека тоа ќе вроди со плод. Враќањето на Митревски ни дава сигурност. Тука се дечките кои покажаа и дека можат, се надевам ќе се сочуваат сили и за Данска, натпревар кој на крај ќе решева.

-Очекувам квалитетна, добра игра, играчите да се вложат максимално, борбата да не изостане и ако тоа биде така мислам дека ќе издвојуваме победа, -рече Наумче кој наспрати споредна на Црна Гора со Словенија.

-Црна Гора е многу поразлична од Словенија. Се работи за потежок, постатичен противник, не се движи како Словенија која игра скандинавски, брз ракомет. Ќе се судриме гради во гради, сакаат борба, сакаат да почувствуваат месо, а така треба да им возвратиме. Ако тоа го направиме, бидеме борбени во одбраната сметам дека Црногорците ќе потклекнат и ќе издвојуваме победа, -истакна Мојсовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни