Поврзете се со нас

Македонија

Мојсовски доби позитивен тест на Ковид 19 и испрати апел за заштита на здравјето

Објавено

на

Наумче Мојсовски како македонска ракометна легенда пред извесно време стана директор на Агенцијата за Млади и Спорт и го замени Дарко Каевски, а со оглед на новата функција и честите работни обврски во изминатиот период, сега самиот тој објави дека ќе мора да мирува во наредните неколку дена.

Поранешниот македонски репрезентативец го искористи својот официјален Фејсбук профил за да соопшти дека се заразил со коронавирусот, а воедно испрати апел до сите свои сограѓани да ги почитуваат мерките и да останат дома за време на претстојните новогодишни и божиќни празници.

– Драги пријатели, поради контактите кои ги имав изминатиот период поврзани со моите работни обврски, одлучив да се тестирам и добив позитивен тест на Ковид – 19. Во моментов немам симптоми, се чувствувам добро и ги следам препораките на мојот доктор.

– Чувајте се и почитувајте ги мерките. Пред нас се денови кои досега сме ги празнувале со пријателите, поширокото семејство, надвор од дома.

– Мојот апел до вас пријатели е да направите се за да го заштитите вашето здравје и здравјето на вашите најблиски. Да празнуваме одговорно, – напиша Наумче.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни