Поврзете се со нас

Светски првенства

Мојсоски им испрати охрабрувачка порака на ракометарите, Брестовац прецрта четворица за дуелот со Шведска (Видео)

Објавено

на

Наумче Мојсоски од неодамна ја извршува функцијата директор на Агенцијата за млади и спорт, но како човек со огромно репрезентативно искуство на ракометен план, сега им испрати порака за среќа на македонските херои кои одново добија шанса да бидат дел од едно големо натпреварување во месец јануари.

Изминатите години, се навикнавме да ја гледаме нашата најсилна ракометна селекција на сите големи турнири на стартот на годината, па тоа нема да биде исклучок ниту овојпат откако како прва резерва добиве шанса да бидеме дел од ракометниот светски крем.

Македонија го отвора турнирот оваа вечер со дуел против Шведска, а непосредно пред истиот, Мојсоски стапи во контакт со ракометарите и им испрати порака, а имаше и посебна за капитенот Кире Лазаров.

– Капитене, ти ја подавам топката за гол! Предмалку на нашите репрезентативци, на нашите најголеми амбасадори, на моите соиграчи, моите другари, им посакав среќа на #СП во Египет!

– Знам дека овие храбри момци, овој тим ќе го даде својот максимум и ќе “гине” на терен! Горди сме на вас, – порача Наумче и го проследи видеото.

Инаку, непосредно пред дуелот, селекторот Брестовац направи пресек и избра 16 ракометари за премиерниот меч против Шведска, а од истиот отпаднаа голманот Никола Даниловски, како и Мартин Серафимов, Горан Крстевски и Михајло Младеновиќ, играчи кои ќе чекаат шанса на следните натпревари.

Разговорото меѓу Наумче и ракометарите е на следниот Фејсбук ЛИНК

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни